Газпром се повлече, пропадна приватизацијата на грчка ДЕПА

33

depaРуски Газпром, клучниот кандидат за купување на грчката компанија за гас ДЕПА се повлече во последната фаза. Малата руска енергетска компанија Синтез и два грчки кандидати исто така се откажаа од учеството на тендерот за купување на ДЕПА и ДЕСФА, јавуваат агенциите.

Грчката влада и грчката Агенција за приватизација не коментираат, но според информациите, Грција не успеа да привлече ниту една понуда за купување на компанијата за гас ДЕПА, што значи дека земјата веројатно нема да ги исполни зададените цели за приватизација во рамките на меѓународниот пакет за помош.

За операторот со мрежата за дистрибуција на гас ДЕСФА стигнала само една понуда од азербејџанската компанија СОКАР.

Атина планираше ДЕСФА да ја продаде одделно, а сега не е јасно дали воопшто ќе биде продадена, ако ДЕПА остане во сопственост на државата. Неуспехот од продажбата на овие две компании може да ја блокира приватизацијата на државната нафтена компанија Хеленик петролеум, во чија сопственост е 35% од ДЕПА.

Атина преку продажба на државен имот мора до крајот на септември да обезбеди 1,8 милијарди евра.