Гејмери подгответе се да станете незапирливи – Достигнете го врвот JBL QUANTUM

38

Во гејмингот, секој звук е важен, па затоа е време лидерот во звучната индустрија да го води патот. JBL Quantum е дизајниран за најреално  искуство што досега е понудено од страна на слушалките за игри. Засилувањето на секој звучен детал и топлиот звук допринесува вистинска конкурентска предност, благодарение на JBL QuantumSOUND Signature.

Гејмери подгответе се да станете незапирливи. Конечно JBL слушалките и компјутерските звучници создадени исклучиво за гејмери сега се достапни. Пристигна JBL Quantum. Сега играта се промени.

Од возбудата на набљудување на непријателите во FPS-игри сè до вклучување во епски борби во MOBA, JBL Quantum серијата е непобедлива во гејминг звукот.

Вашите инстинкти, засилени. Предводникот JBL Quantum ONE го носи звукот на следното изградено исклучиво со сопствената технологија за звук JBLSPHERE 360. Широко тестирани од гејмерите низ целиот свет, сензорите за позиција на главата и просторното аудио, прецизно ќе ги лоцираат и спојат визуелните предмети со нивниот звук. Почувствувајте ја акцијата и секое движење околу вас како никогаш порано.

Засилете го секој момент. Доживејте ја играта како никогаш до сега. Звукот обично се движи во хоризонтална линија, но звучните алгоритми на JBL ги воздигнуваат виртуелните светски искуства во нови димензии со додавање на дополнителни канали. Тој резултат се вика JBL QuantumSURROUND™. Звучна технологија поддржана од JBL QuantumENGINE™, компјутерски софтвер кој создава поширока и пореална просторна звучна сцена, карастеристики во JBL Quantum 300, 400, 600 и 800 слушалките.

Доминирајте во играта. Бучавата во позадината нема да го разруши кристално чистиот запис. JBL Quantum серијата, исто така, може да се пофали со бум микрофоните кои можат целосно да се отстранат или кренат нагоре вклучувајќи откажување на ехо. Секој модел е лесен и има перничиња за уво со мемори пена за долготрајна удобност.

JBL Quantum 800 и Quantum ONE, исто така, доаѓаат со активно откажување на бучава, па колку и да е бучна вашата околина, вашиот фокус ќе остане во играта.

Совршен партнер. Целиот опсег на JBL Quantum е оптимизиран за компјутер, со JBL Quantum ONE како водач. Сите модели во опсегот се компатибилни за конзола и мобилен телефон. Совршено се слагаат со Discord, TeamSpeak и Skype, без разлика дали повикувате за помош или се фалите за вашите перформанси, со JBL Quantum, вашите соиграчи ќе слушнат јасно и гласно.

Одете уште подлабоко во акција. Компјутерските звучници JBL Quantum DUO  го надополнуваат рангот на слушалките и го спојуваат динамичниот опкружувачки звук на JBL со Dolby Digital. Играчите можат лесно да го лоцираат дојдовниот оган и да го почувствуваат татнежот на експлозивот. Изложените звучници и високотонци даваат неверојатна звучна јасност и никогаш нема да пропуштите истрел за време на играта. Уникатните ефекти на осветлувањето на JBL Quantum DUO ја надополнуваат опремата за играње. Како и остатокот од JBL QUANTUM серијата, JBL Quantum DUO се целосно компатибилни со кој било гејмерски систем.