Гејминг индустријата лани “заврте“ 175 милијарди долари

25

Светскиот пазар на видео игри доживува вистинска експанзија во последните години, а пандемијата само му го забрза растот. Во оваа индустрија минатата година се “завртени“ околу 175 милијарди долари, што е за 20% повеќе во однос на 2019 година.

Порталот GamesInsdustry.biz проценува дека 2023 година гејминг индустријата ќе достигне вредност од 200 милијарди долари, што е двојно повеќе од филмската индустрија во светот.

Една спроведена анкета во САД, во којашто се опфатени 50.000 лица, покажува дека лани околу 55% од Американците играле некоја видео игра. Тоа го правеле дури и они кои никогаш претходно не играле видео игри, но во време на карантин тоа им било еден вид на забава и начин на социјализација.

Најголем дел од видео игрите се преку мобилен телефон, на што се потрошени околу 86 милијарди долари, потоа следат конзолите со 51 милијарда долари, а на крај се компјутерските видео игри со околу 37 милијарди долари.

Три четвртини од заработката доаѓа од таканаречени микротрансакции, односно продажба во рамки на самата игра. Тоа значи дека играта сама по себе е бесплатна, но затоа оној игра добива опција да купува различни предмети за да може да напредува во играњето.

Фото: Freepik