Гејминг викенд со поддршка на Фондацијата е – Македонија

24

Во Телеком иновативниот центар на втори и трети април се организира голем Гејминг викенд (Game Weekend) со поддршка на Фондацијата е – Македонија на Македонски Телеком, а во реализација на Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА.

На првиот ден од Гејминг викендот, во сабота на втори април, ќе се одржат предавања и дебати со познати и искусни програмери, цртачи и дизајнери коишто пред присутните на настанот ќе имаат свои презентации за начинот на правење на игри, потребните алатки, софтвери и ресурси, како и промоција на игрите.

Во недела на трети април, на вториот ден од Гејминг викендот, ќе се организира специјално издание на Хартсоун турнир. Бројот на натпреварувачите ќе биде ограничен, а право на учество ќе имаат само 64 играчи кои ќе се борат за главната награда – лаптоп. Повеќе детали за турнирот може да се најдат на: https://www.facebook.com/events/602661686555047.