Гејтс финансира проект што треба да го намали глобалното затоплување

93

Научници од Харвард работат на балон што ќе го постават над Шведска со цел да тестираат дали со блокирање на сончевата светлина ќе се помогне во борбата против глобалното затоплување.

Првото тестирање што би можело да се случи на крајот на оваа или на почетокот на 2022 година, доби финансиска поддршка од основачот на Microsoft и филантроп, Бил Гејтс.

Првиот тест ќе се однесува само на балонот и инструментите што би се користеле во инструментот. Потоа научниците ќе ги проучуваат хемиските реакции во стратосферата преку балонот што лета 10 километри над Земјата. Проектот е финансиран од приватни донатори, а сега им се приклучи и Гејтс.

Крајната цел на проектот е користење на балонот за испраќање рефлектирачки честички во атмосферата во надеж дека ќе се блокираат или ограничат директните сончеви зраци на Земјата и да се намали глобалното затоплување.

Доколку проектот биде успешен, тоа може да биде важен чекор во промена на глобалното затоплување, но некои се загрижени дека проектот може да ја доведе во заблуда борбата против овој процес.

Фото: Facebook