Гејтс не ги жали милијардите во поддршка за изнаоѓање вакцина против коронавирусот

52

Бил Гејтс преку неговата фондација планира да финансира изградба на седум фабрики што ќе произведуваат вакцини против коронавирусот.

Тој сака да се унапредува изградбата на производните капацитет за топ седум достапни кандидати што развиваат вакцина против вирусот. Иако на крајот ќе бидат избрани максимум две компаниите, ќе ги финансира фабриките за сите седум за да не се губи време кога вакцината ќе биде одобрена, пренесува Business Insider.

“Ќе потрошиме неколку милијарди долари за изградба на фабрики коишто нема да бидат избрани“, рекол Гејтс, додавајќи дека неколку милијарди долари не се ништо во споредба со актуелната економска ситуација во којашто се губи многу повеќе.

Според него, симултаното тестирање на лекови и градење на производни капацитети се неопходни за да може во најкус рок да се пронајде ефикасна вакцина, но и да се произведе потребната количина. Со претходна подготовка на производните погони би можеле да се заштеди време, но сега времето е многу битно.

Основачот на Microsoft, заедно со неговата сопруга Мелинда, преку нивната фондација досега донираа 100 милиони долари за борба против коронавирусот.

Фото: Facebook