Гејтс повеќе не е втор најбогат човек во светот, Арно му ја презеде позицијата

26

Основачот на Microsoft, Бил Гејтс за прв пат по седум години не е на вицешампионската позиција на листата Најбогати луѓе во светот. Титулата му ја одзеде извршниот директор на луксузната групација LVMH, францускиот милијардер Бернард Арно, пишува CNN.

Гејтс беше на втората позиција седум години по ред на Bloomberg Billionaires Index, откако и се врши рангирањето. Арно има нето вредност околу 108 милијарди долари, од коишто 39 милијарди ги заработи минатата година.

Францускиот магнат ја издигна LVMH во глобална луксузна империја под која што спаѓаат некои од најпознатите брендови како Louis Vuitton, Christian Dior и Givenchy. Исто така под нејзино раководство се и Dom Pérignon и Sephora.

Првата позиција, со нето богатство од 124 милијарди долари, цврсто ја држи основачот на Amazon, Џеф Безос.

Фото: Facebook