Гејтс: Се вративме 25 години назад

47

Пандемијата на коронавирус го запре 20-годишниот напредок во борбата против сиромаштијата и болестите, вели основачот на Microsoft , Бил Гејтс.

Извештајот на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, покажува дека скоро според секој показател, светот заостанува во обидот да ги исполни целите на одржливиот развој на ООН за ставање крај на сиромаштијата и намалување на нееднаквоста.

Екстремната сиромаштија се зголеми за 7% поради пандемијата, се вели во годишниот извештај на фондацијата.

Покриеноста на вакцините – мерка за функционирање на здравствените системи – падна на нивоа што последен пат беа видени во 90-тите години на минатиот век, враќајќи го светот назад 25 години. Податоците исто така покажуваат дека економските последици од пандемијата ја зголемуваат нееднаквоста, особено кај жените, расните и етничките малцинства. Особено се погодени луѓето што живеат во услови на екстремна сиромаштија.

Во извештајот што го објавуваат заедно секоја година од 2017 година, Бил и Мелинда повикуваат на глобална соработка во развојот на дијагностика, вакцини, третмани, брз развој на вакцини и фер испорака на тие средства врз основа на потреба, а не на можност за плаќање. “Глобалната криза е заедничка и бара заеднички одговори“, напишаа тие.

Фото: Pixabay