ГЕМ: Македонија има добри услови за сопствен бизнис

28

biz Во последниве две години во Македонија, двојно се зголемени можностите за започнување на сопствен бизнис, покажува последното глобално истражување за преприемништво (ГЕМ). Според денешната презентација, македонското прептриемиштво има голем потенцијал, бидејќи домашните претприемачи се насочени кон вработувањата, странските пазари и иновациите.
“Вкупно 52% од претприемачите велат дека се мотивирани од нужност што е во согласност со општата економска и социјална состојба. Во услови на висока невработеност и низок економски раст, почнувањето на сопствен бизнис се наметнува како нужност. Тоа е една од малкуте алтернативи за егзистенција на луѓето. Сепак, охрабрува трендот што расте бројот на претприемачи кои се мотивирани од можноста заради подобрување”, се вели во анализата.
Во денешно време, главен мотив на претприемачите кои отвораат сопствени фирми е да бидат независни и да остварат што е можно поголем приход. Областите во кои се отвораат најмногу фирми, според Глигор Михаиловски од Македонската развојна фондација за претпријатија, се градежништвото, деловните услуги, трговијата и рударството.
Непрофитабилноста и проблемите со финансирањето се најчестите причини за згаснувањето на фирмите. Според истражувањето во кое учествувале 2.003 испитаници, повеќе од една третина сметаат дека Македонија има добри можности за започнување на сопствен бизнис, но не би започнале бидејќи се плашат од неуспех.
Од анкетираните претприемачи, 12% велат дека во следните 5 години би вработиле повеќе од 20 лица, што е поразителна бројка во однос на другите земји од регионот.
Глобалното истражување за претприемништво се спроведува во светски рамки. Минатата година истражувањето опфати 69 земји во кои беа вклучени 198.000 испитаници.