General Motors инвестира 20 милијарди долари во развој на електрични и автономни возила

71

Извршната директорка на американската компанија General Motors (GM), Мери Бара најави дека компанијата ќе инвестира 20 милијарди долари во развој на електрични и автономни возила.

Планирано е инвестицијата да биде остварена до 2025 година и претставува директен предизвик за компанијата Тesla на Илон Маск.

General Motors планира да ги намали трошоците за батериските ќелии со помош на својата Ultium технологија на помалку од 100 долари по киловат час.

Акциите на GM, по оваа објава скокнаа 1,8%, на 31,05 по акција.

Инаку, минатиот месец GM, најави дека ќе ги напушти Австралија, Нов Зеланд и Тајланд до крајот на годината бидејќи излегува од пазарите со лоши перформанси и ќе се фокусира на нови технологии, како што се автомобили со автоматско управување и електрични возила.

Фото: Pixabay