Генетски модифицирана печурка убива комарци што пренесуваат маларија

30

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот Мериленд и од Институтот IRSS во Буркина Фасо ја открија печурката Metarhizium pingshaense, којашто откако е генетски модифицирана емитува отров што успешно ги убива комарците што пренесуваат маларија, пренесува BBC.

Генетски модифицираната печурка и од претходно е позната како природен “убиец“ на комарците што пренесуваат маларија. Но, тие немаат доволна количина на токсини за ефикасно уништување на инсектите, па затоа во нив се поставени отровни гени од австралиски пајаци.

Во Буркина Фасо е отворено вештачко село на површина од 6.500 метри квадратни со растенија, колби, вода и храна за комарци. Заштитено е со двоен слој на мрежа против овие инсекти.

Во експериментот се вклучени 1.500 комарци, а за само 45 дена останале само 13, што не е доволно за нивна репродукција.