Геодетски теренски активности на патниот правец Миладиновци-Куманово

30

На патниот правец А1 делница Миладиновци-Куманово, денес 20.09.2013 г. ќе започнат интензивни геодетски теренски активности на правецот од клучка Крива Паланка до клучка Куманово.

Од 11.09.2013 година започнати се градежни работи на пат, пл. пр. Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Сообраќајот ќе се одвива по две коловозни ленти со поставена соодветна вертикална сигнализација. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 17:00 часот и се очекува да завршат денеска.
Почнувајќи од 29.08 на патниот правец А2 Гостивар-Кичево на планинскиот превој Стража од 1 до 1,5 км во правец на Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони. На патниот правец Р1 303 Прилеп – Македонски Брод – Кичево на 33 км, од планинскиот превој Барбарoс кон Македонски Брод на м.в. Арматоец сообрќајот е нормализиран.
На 20-ти септемви (петок) Градот Скопје во соработка со Канцеларијата на ЕУ во Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање, организира велосипедско дефиле под наслов „Чист воздух ти си на потег“.
Дефилето ќе се одвива по улиците во Скопје од плоштадот Пела до бината Школка во Градскиот парк.
За време на дефилето од 11 до 12 часот по рутата ќе биде забранет сообраќај на моторни возила.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo суви коловози .
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и излез од Македонија.