Георгиева: Енергетскиот шок ги погодува сите, една петтина од глобалните залихи на нафта и гас се недостапни

Енергетскиот шок поради војната на Блискиот Исток ќе ги погоди сите земји, а приближно една петтина од глобалната понуда на нафта и гас е недостапна поради блокадата на Ормутскиот теснец, изјави претседателката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, за време на дебатата за глобалната економија на пролетната сесија на ММФ и Светската банка во Вашингтон.

Таа нагласи дека клучниот проблем е нерамнотежата помеѓу понудата и побарувачката, бидејќи намалената понуда на енергија со непроменета побарувачка води до зголемување на цените.

Според неа, владите треба да избегнуваат мерки што ја стимулираат побарувачката, дури и кога тие имаат за цел да ги заштитат најранливите, бидејќи таквите политики можат дополнително да ги зголемат инфлациските притисоци.