Герас Цунев конфекција првото полугодие го заврши со добивка од над еден милион денари

27

denari-1

Текстилната компанија Герас Цунев конфекција од Струмица, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 1.099.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првото полугодие од минатата година, добивката на компанијата беше на ниво од 344.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во првите шест месеци од 2017 година, изнесуваа 1.591.000 денари, додека истиот период лани изнесуваа 1.632.000 денари.

Основна дејност на компанијата е производство на друга горна облека.