Акционерското друштво Конфекција Герас Цунев од Струмица во изминатите девет месеци од оваа година работеше со добивка во висина од 7.757.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 1.104.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на компанијата во период од први јануари до 30-ти септември оваа година изнесуваат 2.258.000 денари, додека истиот период лани тие беа 1.345.000 денари.