Герас Цунев од Струмица со добивка од 7,7 милиони денари за девет месеци

28

denari

Акционерското друштво Конфекција Герас Цунев од Струмица во изминатите девет месеци од оваа година работеше со добивка во висина од 7.757.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата прикажа загуба од 1.104.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата во период од први јануари до 30-ти септември оваа година изнесуваат 2.258.000 денари, додека истиот период лани тие беа 1.345.000 денари.