Германците полудеа по велосипеди, лани за нив плаќање и по скоро 1.300 евра

43

Во текот на пандемијата сè повеќе луѓе во Германија решија да користат велосипед како основно превозно средство, а посебна експанзија доживеа пазарот на електрични велосипеди.

Производителите ги зголемиле приходите за над 60% и не успеваат да ги испорачаат сите на време, а побарувачката е толку голема што некои производители на поскапи модели не постигнуваат навреме да ги исполнат нарачките, пренесува Дојче Веле.

Вкупно се продадени пет милиони велосипедисти во 2020 година, што е за 16,9% повеќе одошто една година претходно, со просечна цена од дури 1.279 евра. Од вкупниот број, 1,95 милиони се електрични велосипеди (за 43% повеќе во однос на 2019 година) и 100.000 товарни велосипеди (од коишто 78% имаат батерии).

Производителите на велосипеди во Германија заработија 6,44 милијарди евра, што е за 60,9% повеќе одошто во 2019 година, а освен производството, расте и извозот.

Фото: Pexels