Германците повторно “збудалеа“ по тоалетна хартија

53

Кога на почетокот на годината се прошири пандемијата од коронавирусот во Европа, тоалетната хартија преку ноќ стана еден од најбараните продукти во продавниците. Поради зголемениот број на заразени, Германците во последните неколку денови повторно почнуваат панично да купуваат тоалетна хартија.

Со оглед на тоа што во Германија денеска, втор ден по ред, е забележан рекорден пораст на бројот на новозаразени – 7.334, а починати се 24 лица, трговските ланци Lidl и Aldi забележуваат благ пораст за побарувачка на одредени производи.

“Во овој момент во продавниците се забележува благ пораст на побарувачката на одредени производи, како што е тоалетната хартија“, рекол портпаролот на Aldi.

Од Lidl велат дека во некои делови од земјата е забележана зголемена побарувачка за хигиенски производи, пренесува Seebiz.

Фото: Freepik