Германците се против фабрика на Tesla

101

Околу 250 Германци викендов протестираа на периферијата на Берлин, каде што компанијата Tesla, планира да изгради фабрика за електрични автомобили, пишува Reuters.

Луѓето кои протестираа го изразиле своето незадоволство од ваквата одлука и се плашат дека изградбата на фабриката на Илон Маск ќе ги загрози водоснадбувањето и животната средина во тоа подрачје.

“Тука сме, гласни сме, бидејќи Tesla ни ја краде водата“, извикуваа демонстрантите.

Инаку, Маск во ноември минатата година најави дека неговата Gigafactory 4 ќе ја гради на подрачјето на Берлин.

Gigafactory 4 ќе биде во Берлин, а претходните три такви фабрики се во: Невада, Њујорк и Шангај.

Фото: Pexels