Германците тешко се разделуваат од марката: И по 24 години чуваат милијарди во поранешната валута

Според податоците од Бундесбанк, повеќе од 162 милиони банкноти и повеќе од 23 милијарди монети сè уште не се разменети – со вкупна вредност од околу 12,1 милијарди марки, што е околу 6,2 милијарди евра.

Германците сè уште, 24 години по воведувањето на еврото, ги чуваат старите германски марки. Така, Бундесбанк минатата година размени речиси 53,1 милиони марки, што одговара на нешто повеќе од 27 милиони евра.

Во претходните години, бројките беа слични: во 2024 година беа разменети околу 53,2 милиони марки, а во 2023 година, нешто повеќе од 58 милиони, пишува Шпигел.

Старите банкноти и монети често се појавуваат во наследства или се откриваат случајно, а понекогаш се чуваат заради носталгија. Така, во 2025 година, Бундесбанк доби неколку банкноти од пет марки со рачно напишани пораки, датирани од 2000 и 2001 година.

Според Бундесбанк, повеќе од 162 милиони банкноти и повеќе од 23 милијарди монети сè уште не се разменети. Нивната вкупна вредност е околу 12,1 милијарди марки, или околу 6,2 милијарди евра. Половина од таа сума се монети – 6,52 милијарди марки, а остатокот се банкноти – 5,61 милијарди марки.

Бундесбанк нуди неограничена размена на стари марки за евра, по фиксен курс од 1,95583 марки за едно евро. Размената може да се изврши во која било од 31-те филијали на банката или по пошта.

Германија е една од седумте земји од еврозоната каде што размената на стари национални валути не е временски ограничена.

Други земји со слични практики се Австрија, Ирска, Естонија, Латвија, Литванија и Бугарија.