Германците трупаа готовина за време на пандемијата

81

Побарувачката за готовина порасна во Германија во 2020 година и покрај големиот број можности за плаќање, покажало истражување на централната банка на земјата.

Вкупната вредност на издадени банкноти во 2020 година се зголеми за 9,5%. Од Бундесбанк забележале дека побарувачката имала голем пораст од почетокот на пандемијата во март лани.

“Претпоставувам дека луѓето во време на пандемијата натрупале готовина бидејќи се соочиле со неизвесност, но и затоа што немале прилика да ги трошат“, рекол Јоханес Берман, претседател на управата на Бундесбанк.

Оттаму проценуваат дека 40% од побарувачката е генерирана од желбата на граѓаните готовината да ја чуваат дома, а можна причина е и обидот на граѓаните да ги избегнат негативните каматни стапки на заштедите.

Комерцијалните банки во еврозоната плаќаат негативни каматни стапки од 0,5% на депозити кај Европската централна банка (ЕЦБ) и многу од нив тој трошок го префрлаат не само на компаниите, туку и на граѓаните.

Фото: Pexels