Германците верни на марките: И по 18 години чуваат 12,46 милијарди германски марки

157

И покрај тоа што еврото веќе 18 години е официјална валута, жителите на Германија сè уште чуваат околу 12,46 милијарди германски марки, во вредност од околу 6,3 милијарди евра.

Според германската централна банка, од тие 12,46 милијарди марки коишто сè уште не се разменети во евра, околу 5,8 милијарди се банкноти, а 6,6 милијарди се монети. Најголем дел од марките, што верно ги чуваат Германците, се во апоени од 100,500 и 1.000 германски марки.

Проценките велат дека годишно, во Германија се разменуваат околу 35 до 45 милиони евра од германски марки, а најголемата размена е направена во 2002 година, по воведување на еврото.

Германија е единствена земја во Европската унија во којашто нема временско ограничување за конвертирање на старата валута во евра. Курсот не се менува, па едно евро вреди 1,9 германски марки.

Фото: Pixabay