Германците во пандемија трошеле како пред пола век

97

Пандемијата што ја предизвика коронавирусот во 2020 година значеше и најголем пад на потрошувачката на домаќинствата во Германија од 70-тите години на минатиот век, покажуваат официјалните податоци.

Потрошувачката е намалена за 5%, а пандемијата многу посилно ја погоди земјата одошто финансиската криза во 2008-ма и 2009-та година, кога беше една од главните движечки сили на најголемата европска економија.

Падот на потрошувачката е забележан во скоро сите подрачја, особено во првата половина од годината. Во првиот бран од карантинот, Германците не трошеле ниту на превоз, ниту излегувале во ресторани.

Нешто повеќе трошеле само на прехранбени намирници и пијалаци, па потрошувачката во текот на целата година порасна за 6,3%.

Во втората половина од годината, Германците биле спремни да трошат на трајни добра за широка потрошувачка, вклучувајќи автомобили, мебел и електрични уреди, па на годишно ниво таа потрошувачка се зголеми за 7,8%.

Фото: Pexels