Германците возат автомобили стари 10 години

113

Германските автомобили се постари од кога било, покажува истражување, според кое дури 9,7% од вкупно 47,7 милиони патнички автомобили се постари од 20 години.

Просечната старост на патничките возила на германските патишта е 9,6 години, што е рекордна старост во Германија.

Во тој негативен европски просек, Германија е зад  Луксембург (6,4 години), Велика Британија (8), Австрија (8,2), Италија (8,4) и Франција (9). На дното на списокот е Литванија, каде просечната старост на возилата е скоро 17 години.

Фото: Pixabay