Германија бара итно затворање на дивите депонии во Србија

19

deponija

Србија мора да затвори 3.000 диви депонии на својата територија доколку сака нејзините шанси за влез во ЕУ да бидат реални, изјави Оливер Шолц, генерален директор на германската компанија за рециклажа, Шолц холдинг, пишува Политика.

Германската компанија укажува дека за дивите депонии е карактеристично да носат висок еколошки ризик и оценува дека отстранувањето на отпад во Србија е небезбедно и нема наплата на данок.

Од Шолц сугерираат низа мерки пред седницата на Бизнис советот на Србија и Германија во Белград, како имплементација и спроведување на законот за управување со отпад во согласност со стандардите на ЕУ, основање на посебно министерство за животна средина и затворање на илегалните депонии и компании кои незаконски тргуваат со отпад.