Германија до 2025 година вложува 700 милиони евра за проекти што се базираат на водород

61

Германската влада се обврза до 2025 година да вложи околу 700 милиони евра во истражувања коишто имаат за цел употреба на водород во економијата, во рамки на планираниот премин на чисти извори на енергија.

Тамошната министерка за истражувања, Ања Карлицек, во Берлин претстави три проекти што се одбрани на натпревар за државна поддршка. Проектите опфаќаат повеќе од 230 партнери од индустријата и академската заедница.

“Сакаме Германија да ја претвориме во водечки пазар и најголем светски добавувач на технологии базирани на водород“, рекла министерката.

Водородот, според нејзе, е клучен елемент во амбициозното редизајнирање на Германија од економија зависна од јаглен во економија што се базира на зелена енергија.

Фото: Freepik