Германија доби уверување дека Европа нема да мора да плаќа за гас во рубљи

107

Германската влада соопшти дека добила гаранции од Русија дека европските компании нема да мора да плаќаат за испорака на гас во рубљи за Москва, пренесува Дојче веле (DW).

Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц изјавил дека европските компании можат да продолжат да плаќаат за гас во евра и долари, соопштија од кабинетот на Шолц, а пренесува ДВ.

Ројтерс наведува, цитирајќи го портпаролот на германската влада, дека Шолц по разговорите со Путин рекол дека Германија ќе продолжи да плаќа за рускиот гас во евра или долари и дека Путин му рекол на канцеларот Шолц дека ништо нема да се промени за европските партнери и покрај планот да биде платени во рубљи.

Дојче веле пренесува и соопштение од Кремљ по разговорите меѓу двајцата лидери, во кое се наведува дека Шолц и Путин се согласиле експертите од двете земји да продолжат со понатамошната дискусија за ова прашање.

ТАСС пренесува дека портпаролот на германската влада Стивен Хебестрајт по разговорите меѓу двајцата лидери изјавил дека Русија се согласува нејзините европски партнери да плаќаат гас во евра преку Газпром банката, која тие плаќања ќе ги претвори во рубљи.