Германија: Две конкурентни банки отвораат заедничка филијала

Две конкурентни банки во Германија ги здружија силите и отворија заедничка филијала.

Според медиумите во Германија, Volksbank и Sparkasse отворија заедничка филијала во којашто клиентите на двете банки ќе можат да ги добијат потребните услуги, а во план е отворање на околу 25 филијали од таков вид.

Новата заедничка филијала два дена во неделата ќе ги опслужува клиентите на едната, а другите два дена клиентите на другата банка. Но, клиентите не треба да се грижат кој ден ќе дојдат бидејќи тие во секој момент ќе бидат услужени.

Оваа таканаречена финансиска точка, во деновите на едната банка ќе биде обоена во сина, а другите два дена во црвена боја, што е заштитен знак на другата банка.

Од двете банки ги уверуваат клиентите дека ИТ системите им се одвоени и целосно безбедни, па нивните податоци ќе бидат на сигурно.

Банките, на овој начин, планираат да заштедат околу еден милион евра годишно.

Фото: Pixabay