Извозот на колачиња од Германија минатата година достигна 787 милиони долари, со што оваа европска земја е извозник број еден на овие слатки задоволства. Зад нејзе се Холандија (736 милиони долари) и Мексико (700 милиони долари).
Во топ 10 најголеми извозници на колачиња се: Белгија (586 милиони долари), Велика Британија (419 милиони долари), Полска (369 милиони долари), Канада (350 милиони долари), Турција (333 милиони долари), Франција (304 милиони долари) и Италија (290 милиони долари).
Србија е 23-та во светот со извоз на колачиња во вредност од 63,8 милиони долари, Хрватска е 17 места подолу со извоз од 24 милиони долари, додека Грција е 42-ра во светски рамки со извоз од 21 милион долари. Босна и Херцеговина и Македонија се 55-та односно 56-та во светот со извоз од околу 14 милиони долари. Словенија се најде на 60-та позиција со извезени колачиња од 10 милиони долари.
Фото: Pixabay