Германија го казни Google поради street view

39

google street viewГерманските власти го казнија Google со 145.000 евра поради неовластено собирање на големи количини лични податоци на корисниците со помош на своите street view возила.

Утврдено е дека специјално опремените возила на Google кои правеле снимки на градовите меѓу 2008 и 2010 година, незаконски собрале информации од домашните безжични мрежи на граѓаните, соопшти германската канцеларија за заштита на податоци во Хамбург. Додека минувале со возилата по улиците, недозволено собирале и фрагменти од лични мејлови, фотографии и други дигитални податоци од Wi-Fi рутерите во Германија.

Сумата од 145.000 евра со која е казнет, Google ја заработува за една минута и десет секунди.