Германија го презема претседателството со ЕУ

34

Германија денеска по 13-ти пат го презема ротирачкото шестмесечно претседателство со ЕУ и за време на мандатот нејзин приоритет ќе биде борбата против пандемијата од коронавирус, економското и социјалното закрепнување на Европа.

Германија го презема раководството на Советот на ЕУ од Хрватска, чиј мандат, исто така, во голема мера го одбележа пандемијата.

Од први јули, Германија формира таканаречена претседателска тројка на ЕУ со Португалија и Словенија, којашто ќе го преземе претседателството во првата и втората половина на 2021 година.

На почетокот на 2019 година, Берлин, Лисабон и Љубљана постигнаа договор поблиску да работат на поврзување и координирање на своите ротирачки мандати на чело со ЕУ и усвоија заедничка програма која се однесува на периодот од први јули 2020 година до 31 декември 2021 година.

Во документот се вели дека една од точките е дека Советот со високиот претставник на ЕУ ќе работи на “продолжување на процесот на проширување на Западен Балкан”.

Фото: Pixabay