Германија го разгледува буџетот за 2024: Поминаа години кога државната каса беше полна

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер поднесе предлог буџет за 2024 година до Бундестагот, со кој се предвидува продолжување на забраната за прекумерно задолжување и помал простор за дополнителни распределби.

Линднер (ФДП) неодамна во интервју за АРД јасно стави до знаење дека целта на федералниот буџет за 2024 година е: враќање на финансиско-политичката нормалност по долгогодишно задолжување.

„Дефицитите се превисоки. Мерките воведени поради кризата го поттикнаа задолжувањето“, рече Линднер. Сега, смета тој, се работи за консолидација.