
Инфлацијата во Германија е постојано над границата од шест проценти. Потрошувачките цени во август беа за 6,1 отсто повисоки од 12 месеци претходно, објави Федералното биро за статистика.
Во петокот, статистичарите само ги потврдија прелиминарните проценки од крајот на август.
По привременото зголемување од 6,4 отсто во јуни, инфлацијата во јули падна на 6,2 отсто во однос на истиот месец лани.
Меѓутоа, во мај годинава таа стапка веќе изнесуваше 6,1 отсто. Потрошувачките цени се зголемија за 0,3 отсто од јули до август.
„Стапката на инфлација на тој начин останува висока“, рече Рут Бренд, претседател на Федералното биро за статистика.