Германија истражува нов можен скандал со месо

18

mesoДржавното обвинителство истражува нов можен европски скандал со месо во северна Германија, изјавија официјални лица откако локалните медиуми објавија дека во една фабрика се преработува контаминирано месо, јавува Ројтерс.

Обвинителите во Долна Саксонија започнаа истрага во фабрика за преработка на месо откако власите спровеле тестови во јуни, изјави портпаролот на министерството за заштита на потрошувачите. Се сомнева дека фабриката издавала лажни декларации и документи за потеклото на месото. Локалните медиуми јавуваат дека фабриката купувала евтино расипано месо, го мешала со свежо месо и го издавала под нова декларација. Според портпаролот, властите немаат докази дека лошото месо било дистрибуирано за продажба.