Германија ја оживува мрежата на супербрзи железнички линии

61

Германскиот министер за транспорт Андреас Шоер во Берлин претстави план за мрежа на супербрзи линии меѓу европските градови, чие основање треба да биде финансиски поддржано од Европската унија. Шоер всушност би го оживеал Trans-Europ-Express,

предлагајќи комбинацијата на супербрзи и ноќни возови повторно да ја отвори железничката врска помеѓу поголемите градови во Западна Европа, затворена во 1987 година, пишува Die Zeit.

Во првата фаза Trans-Europ-Express, (ТЕЕ) ќе ги поврзе Берлин и Барселона, преку Лион, со проценето време на патување од 13 часа. Мрежата би вклучувала и директни врски помеѓу Амстердам и Рим и меѓу Париз и Варшава.

Првата фаза од планот нема да бара значителни подобрувања во железничката инфраструктура.

Втората фаза ќе ја поврзе јужна Германија со дестинациите во Источна и Јужна Европа и со скандинавските градови и ќе вклучува завршување на големите железнички проекти, рече германскиот министер.

“Нашиот концепт ќе ја формира основата врз која компаниите со брзи и ноќни возови ќе можат да воспостават привлечни врски“, рече Шоер пред разговорите со европските колеги за новиот план.

Мрежата треба да биде воспоставена до 2025 година, а германскиот министер и предлага на Европската унија да креира програми за финансирање за да им се олесни инвестициите и набавките на железничките компании.

Фото: Pixabay