Германската влада одлучи да ѝ помогне на националната авиокомпанија Lufthansa со девет милијарди евра.
Според економскиот магазин Business Insider, којшто се повикува на извори од компанијата, државата ќе го преземе учеството во компанијата и за девет милијарди евра ќе добие малцински пакет со право да блокира одлуки.
Државата, исто така, добива до два мандата во Надзорниот одбор.
Договор е постигнат вчера помеѓу претставниците на владата и компанијата Lufthansа. Директорот на авиокомпанијата Карстен Шпор, канцеларката Ангела Меркел и министерот за финансии Олаф Шолц треба само формално да го потврдат документот.
Фото: Pixabay