Германија ја зголемува контролата по скандалот со Wirecard

44

Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц изјави дека сака да воведе промени во системот за надзор на финансиската индустрија во Германија.

Целта е да се спречат сметководствени скандали во иднина, како оној на компанијата за дигитални плаќања Wirecard.

Во интервјуто кое го објави Frankfurter Allgemeine Zeitung, Шолц рече дека дека има намера да ја овласти агенцијата надлежна за финансиски надзор да врши проверки во секое време, како и да надгледува големи компании кои управуваат со платните системи, дури и ако тие не припаѓаат строго на финансиски институции.

Инаку, минхенски Wirecard неодамна поднесе барање за банкрот среде скандалот со исчезнати 1,9 милијарди евра.

Поранешниот директор, Маркус Браун беше пуштен од притвор откако платил кауција од пет милиони евра.

Браун беше уапсен поради обвинение за фалсификување на компаниски сметки за дигитално плаќање, ќе мора еднаш неделно да се јавува во полиција додека трае истрагата, а главниот операртивен директор е во бегство.

Основана во 1999 година, Wirecard некогаш важеше за една од најперспективните технолошки компании во Европа. Компанијата, која има скоро 6.000 вработени во 26 земји низ светот, објави приходи од над две милијарди евра во 2018 година. Акциите достигнаа ниво над 190 евра во септември 2018 година, истиот месец компанијата ја замени Commerzbank на германскиот список на 30 најдобри компании.

Фото:Pixabay