Германија ќе дава помош за непродадено пиво

27

На германските пивари ќе им биде исплатен надоместок за трошоците поради расипување на пивото што остана непродадено поради пандемијата, најавија тамошните власти.

Владата во Берлин ги затвори рестораните и ги откажа големите настани за да се спречи ширење на заразата, па пиварите не успеале да го продадат произведеното пиво.

Бројот на буриња со пиво на коишто им истекува рокот на траење би можел да расте секојдневно, што за производителите значат милионски загуби.

Минатата недела пиварите упатија отворено писмо до владата, барајќи финансиска помош бидејќи им се заканува пропаст поради остриот пад на побарувачката во услови на карантин.

Фото: Pexels