Германија ќе ги чувствува ковид последиците до 2025 година

26

Германската економија ќе ги чувствува последиците од пандемијата најмалку до 2025 година, објави Институтот за истражување на вработеност.

Стапката на економски раст во следните пет години поради кризата ќе биде намалена за 0,6 процентни поени. Пазарот на труд е соочен со долгорочен пад на бројот на вработени за околу 200.000 до крајот на 2025 година.

Долгорочните последици од пандемијата најмногу ги погодуваат сектори, како што се малопродажба, деловни услуги, угостителство, превоз и авиотранспорт. Од друга страна, позитивни ефекти се очекуваат во сектори како што се информатички технологии, јавни услуги и фармација.

Институтот предвидува дека поради пандемијата вкупно ќе бидат изгаснати 500.000 работни места, а 300.000 би требало да бидат отворени.

Фото: Pexels