Германија ќе им обезбеди помош на аеродромите

45

Германија ќе обезбеди дополнителна помош за аеродромите со цел да се спасат повеќе работни места и да се зачува инфраструктурата во воздухопловниот сектор, што е тешко погоден од пандемијата.

Официјален Берлин во следните две недели ќе разговара за финансиска поддршка на аеродромите, пренесува Ројтерс.

“Потребни се дополнителни заеднички напори за да се обезбеди економска поддршка на среден рок“, стои во заедничкото соопштение на власта и претставници од авиоиндустријата.

Поради намалениот број на летови, се загрозени од 25 до 30% од вкупно 180.000 работни места на аеродромите низ Германија.

Минатата недела во Берлин беше отворен нов аеродром, токму во период кога има намален обем на работа, а се проценува дека нема да оствари доволно приходи за да ги врати долговите за негова изградба.

Овој сектор од властите побара милијарда евра за покривање на трошоците на аеродромите во услови кога е регистриран огромен пад на прометот.

Фото: Freepik