Германија ќе престане да увезува руска нафта до крајот на 2022 година

84

Германија ќе престане да увезува нафта од Русија до крајот на годината, изјави германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, по средбата со своите балтички колеги, пренесе Ројтерс.

„Затоа, овде велам јасно и недвосмислено дека Германија целосно го укинува рускиот увоз на енергија“, рече Баербок.

„До летото ќе ја преполовиме нафтата и ќе бидеме на нула до крајот на годината, а потоа и гасот, во унифицираниот план на Европската Унија, бидејќи нашиот заеднички излез, целосен излез на Европската Унија, е нашата заедничка сила“, рече таа.