Германија може да ја погоди “цунами од банкроти“

98
Stressed young businessman overworking

Германската економија досега загуби повеќе од 212 милијарди евра поради пандемијата на коронавирусот. Се проценува дека до крајот на корона кризата загубата ќе изнесува 391 милијарда евра, пишува германски Welt .

Економистите од Германскиот институт за економски истражувања го споредуваа предвидениот раст со таканаречениот потенцијален раст од 2020 до 2022 година. Ова покажува колку германската економија би растела без пандемија.

Пресметките се засноваат на претпоставката дека бројот на заразени луѓе навистина ќе падне на пролет и дека економијата потоа ќе започне да се опоравува.

“Ако не успееме значително да го намалиме бројот на заразени до март 2021 година, тоа би било катастрофа “, вели претседателот на Германскиот институт за економски истражувања, Марсел Фрачер. Веднаш штом ќе исчезне државната помош, Германија може да биде погодена од “цунами на банкроти“.

Тој наведува дека на повеќето невработени лица би им било многу тешко да најдат нова работа во тој случај, а побарувачка на работна сила значително ќе опадне низ цела Европа.

Фото: Freepik