Германија најави повеќе од 100 милијарди евра помош за компаниите

81

Германија планира да издвои повеќе од 100 милијарди евра за да им помогне на компаниите кои имаат влијание од војната во Украина, се наведува во документот објавен  од министерствата за финансии и за економија.

Санкциите воведени против Русија поради нејзината инвазија врз Украина силно ја погодуваат руската економија, но исто така ги погодуваат и компаниите во Германија, пишува во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството за економија.

Министерот за економија Роберт Хабек и министерот за финансии Кристијан Линднер подготвија сеопфатен пакет мерки за да им помогнат на компаниите кои се тешко погодени од војната или санкциите.

Во сегашната ситуација, краткорочната ликвидност е пред се важна за компаниите. Затоа Владата првенствено ја поддржува ликвидноста на компаниите и секторите, се вели во соопштението.

Владата преку развојната банка KfW ќе им понуди заеми во вредност од околу седум милијарди евра на компаниите кои беа погодени од војната.