Германија најде алтернатива, Шолц потпишува договор со ОАЕ за снабдување со течен природен гас

218

Германскиот канцелар Олаф Шолц треба да потпише договори поврзани со снабдување со течен природен гас за време на посетата на Обединетите Арапски Емирати на 25 септември, изјави денеска неговиот заменик.

– Количините на гас што се нудат полека се зголемуваат, а Германија бара начин да го компензира недостатокот на гас од Русија со договор со други земји – рече во Лубмин, на северот на земјата, министерот за економија Роберт Хабек, мислејќи на неговата посета на Катар и ОАЕ во март оваа година, пренесува Ројтерс.

Разговорите меѓу Германија и Катар за снабдување со течен природен гас не успеаја да постигнат договор поради несогласувања околу клучните услови, вклучително и времетраењето на тие договори, изјавија извори за Ројтерс во мај.

Германската влада планира да изгради складиште за течен природен гас во Лубмин најрано до крајот на следната година.