Германија најмногу инвестира во производство на електрични автомобили

56

pexels-photo-110844

Фото: Pexels

Масовната автомобилска индустрија во Германија е најголемиот инвеститор во светот во електрични возила, пренесува The Local.

Во текот на изминатите две години, германските производители Volkswagen, Daimler и  BMW инвестирале 4,7 милијарди евра во електрични автомобили, на светско ниво. Со тоа германските производители убедливо ги надминале 335-те милиони долари, инвестирани од американски производители и 19-те милиони од јапонските фирми.

Volkswagen, инвестира речиси две милијарди евра за да ги претвори двете фабрики во Германија во погони за производство на електрични автомобили, додека пак Daimler планира изградба на фабрика за батерии во САД.

Продажбата на електрични возила на германските производители останува скромна во споредба со конкурентите како што се кинескиот BAIC, Renault-Nissan или Tesla, но тие се надеваат дека ќе добијат свое место на пазарот со неколку нови модели што ќе излезат во 2019 и 2020 година.