Цените за долгите патувања со воз се намалија за прв пат во Германија во изминативе 17 години. Ова е иницијатива на германските власти, којашто има за цел да ги охрабри еколозите да се одлучат за патувања со воз наместо со авиони.
Патниците на германскиот Дојче Бан, кои ќе патуваат на железнички линии подолги од 50 километри, сега ќе издојуваат 10% помалку пари за билетите. Дојче Бан, исто така, ги намали и специјалните понуди за користење воз и понудите коишто ги има за транспорт со велосипед.
Поевтините билети се резултат на понискиот ДДВ на железницата, што Федералната Влада на Сојузна Република Германија го намали од 19 на 7%. Дојче Бан верува дека пониските цени на билетите ќе им донесат дополнителни пет милиони патници годишно.
Сепак, сите патувања со воз низ Германија нема да поевтинат оваа година. Така, цените за кратки растојанија и јавниот превоз (автобус, метро, трамвај) во региони како Берлин, Хамбург, Бремен, Бранденбург ќе се зголемат за неколку проценти.
Даватели на железничките услуги ги оправдуваат со повисоки плати и повисоките цени на дизелот и електричната енергија. Зголемувањата, велат тие, биле договорени пред Владата да преземе мерки за животна средина.