Германија нема да го блокира ембаргото на ЕУ за руската нафта

102

Германија нема да се спротивстави на ембаргото на Европската унија за увоз на руска нафта, иако не го смета за најефикасно средство за нанесување штета на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе „Блумберг“.

Германскиот министер за економија и вицеканцелар Роберт Хабек предупреди дека запирањето на увозот на руска нафта ќе и нанесе сериозен удар на најголемата европска економија, што вклучува недостаток на понуда и „огромно зголемување на цените“.

„Постигнавме голем напредок во однос на нафтата и би можеле да се приклучиме на ембаргото доколку дојде. Германија нема да застане на патот на тоа“, вели германскиот министер за економија.