Германија одвојува шест милијарди евра за енергетска ефикасност на згради

6

Германија ќе го поддржи подобрувањето на енергетската ефикасност на зградите во 2021 година со поттикнување на субвенции во вкупна вредност од шест милијарди евра. “Мерките што сојузната влада ќе ги поддржи вклучуваат програма за модернизација на згради со подобра изолација и ефикасен систем за греење“, изјави германскиот министер за економија, Петер Алтмаер.

Според него, градежниот сектор е важен за да може енергетската транзиција да биде успешна.

Државната поддршка би требало да му помогне на градежниот сектор во земјата со најмногу жители во Европа да направи значаен чекор кон зацртаната цел за климатска неутралност до 2050 година и со тоа да овозможи да се постигне поширока цел за заштита на климата во следните три децении.

Модернизацијата би можела да ги зголеми трошоците за живот во Германија бидејќи, според закон, сопственикот на станот може да го пренесе трошокот за инвестирање на потстанарот, пренесува Ројтерс.

Фото: Freepik