Германија планира да го олесни доаѓањето на квалификувани работници

93

На Германија итно ѝ е потребна квалификувана работна сила – тоа ќе биде една од темите на средбата во Берлин оваа среда. Подготвителниот документ, кој го разгледа јавниот сервис АРД, предвидува помалку пречки за работниците од странство.
Германската владејачка коалиција, која ја сочинуваат социјалдемократите, либералите и зелените, постигна согласност за клучните точки поврзани со доаѓањето на квалификувани работници од странство. За тоа ќе се одлучува оваа среда во кабинетот на канцеларката.

Во првиот квартал од следната 2023 година, Кабинетот треба да добие готов нацрт-закон, на кој работеа министерствата за внатрешни работи и надворешни работи, како и министерствата за труд, економија и образование. Министерката за внатрешни работи Ненси Фесер и министерот за труд Хубертус Хеил одиграа клучна улога.

Претставниците на владејачката коалиција на дваесет и три страници презентираат бројни идеи како Германија, како пазар на труд, да се направи поатрактивна за квалификувани работници во странство, како да се привлечат студенти и истражувачи, како „квалификувани работници “ или како да се подобрување на можностите за изучување на германскиот јазик во земјата и странство. Јавниот сервис АРД го доби тој документ на увид.

Централниот дел на планот е промена на законот за имиграција за да се намалат пречките за доаѓање на квалификувани работници од странство. Министрите дефинираат три таканаречени столбови.

Првиот столб се однесува на предусловите што треба да ги исполнат странските квалификувани работници за да им биде дозволено да работат во Германија. Досега се бара признаена квалификација и договор за работа, како и услови за работење кои се еквивалентни на оние кои ги имаат луѓето во Германија. Едноставно кажано, на стручњаците со признати квалификации во иднина треба да им се дава поголема поддршка.

Министрите од владеачката коалиција притоа набројуваат неколку идеи. Во документот, на пример, се вели: За квалификуваните работници кои немаат документи со доказ за својата стручна оспособеност или тоа може да го докажат само делумно поради причини за кои самите не се одговорни, би требало да се создадат можности за влез и престој во Германија. Потоа нивните компетенции би можеле да бидат проверувани во Германија.

Вториот столб се однесува на квалификувани работници од странство кои можеби сè уште немаат диплома, но веќе имаат големо професионално искуство. И ним треба да им се овозможи пристап до германскиот пазар на труд. Меѓу другото, коалицијата на СПД, Зелените и ФДП сака да ги подобри условите за вработените во информатичко-комуникациската технологија. Во нивниот случај не би требало да се инсистира на доволно докази за познавање на германскиот јазик. Во тие случаи дискреционо право на менаџерите на компанијата кои даваат понуди за работа е да одлучат дали сакаат да го вработат стручњакот – и покрај недоволно познавање на германски јазик – или не. Законски, во ваквите случаи веќе нема да има никаква пречка за вработување.

Конечно, третиот столб е на државјаните од трети земји со добар потенцијал да им се овозможи да останат во Германија за да најдат работа. За таа цел, треба да се воведе т.н.„карта со шанси за барање работа“, заснована на транспарентен, небирократски систем на бодови, се наведува во документот. Критериумите за доказ за „добар потенцијал“ може да вклучуваат квалификации, јазични вештини, професионално искуство, поврзаност со Германија и возраст.