
Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл му ги презентираше на шефот на италијанската УниКредит барањата поставени од официјален Берлин за евентуално преземање на Комерцбанк. Претседателот на менаџментот на УниКредит, Андреа Орcел, дојде во Берлин на разговори на покана на Клингбајл.
Условите се Комерцбанк да остане котирана на берзата, да го задржи своето седиште во Франкфурт и да продолжи да финансира германски средни компании во земјата и во странство, објави Министерството за финансии.
Средбата во Берлин, означува пресвртница во двегодишната битка за контрола на една од најголемите германски банки, откако стана јасно дека Берлин не успеал во своите напори да спречи евентуално преземање.
„Во конструктивен разговор со г-дин Орcел, јасно посочив дека идните дискусии мора да се водат одговорно“, рече Клингбеил.
Орcел објави дека состанокот бил добар и конструктивен почетен разговор и дека наскоро ќе следи нов.
„Сега е до двете страни да размислат врз основа на овој почетен чекор со цел да се најде најдобриот пат напред во најдобар интерес на засегнатите страни и акционерите“, потврди Орcел.
Комерцбанк не сакаше да коментира за состанокот во Берлин.
По месеци отпор, германските претставници и раководителите на Комерцбанк го омекнаа својот став за евентуален договор со УниКредит откако италијанската банка купи речиси 50 проценти од акциите. Сега во Берлин, тие се надеваат дека ќе ги заштитат работните места, како и брендот на банката што игра клучна улога во финансирањето на средните компании во најголемата економија во Европа.
„Веќе не станува збор за непријателско преземање, туку за наоѓање на најдобриот начин за двете банки“, изјави портпаролот на Министерството за финансии.
„УниКредит“ и „Комерцбанк“ заедно ќе формираат банка со средства вредни повеќе од 1,3 трилиони евра.
Европската централна банка веќе некое време се залага за прекугранични спојувања на големи европски банки со цел да ги направи поконкурентни со американските глобални гиганти во тој сектор.











